Потопни грејачи
Цевчестите грејни тела најчесто се користат кај потопните грејачи поради неспоредливо пониската цена во споредба со останатите грејни системи, било да се за домашна или индустриска употреба. Се произведуваат во различни форми, дијаметри и различен материјал на обвивката. Најчесто се сретнуваат како грејачи со заптивки, грејачи за преку раб и грејачи со прирабница (фланша).
Типови на потопни грејачи

Грејачи со заптивки
Овие грејачи се најпогодни за трајна инсталација кај метални контејнери, цистерни, буриња и.т.н. Можат да бидат произведени во широк спектар на големини и форми како и различни материјали на обвивката кои одговараат на намената.
За изработка на ваков грејач потребна е информација за димензиите на контејнерот, ограничувањата во внатрешноста доколку ги има како и својствата на течноста која ќе се загрева.

Грејачи за преку раб
Цевчестите потопни грејачи за преку раб се дизајнирани за употреба во течности и емулзии каде што е потребно периодично проверување или чистење и онаму каде што промените на постоечката цистерна е непрактична. Едноставниот начин на употреба овозможува ставање и отстранување на повеќе грејачи по потреба.
Воглавно се користат во металната индустрија каде се грејат киселини и други хемиски течности. Оштетувањето на доводните кабли веќе не е проблем затоа што се користат кабли обложени со гума која ги штити врските и не доаѓа до предвремено оштетување на истите.

Потопни грејачи со прирабница (фланша)
ЕГТ произведува голем спектар на потопни грејачи со фланша за директно потопување во вода, масла, смоли, прехранбени продукти и многу други течности и гасови. Стандарден потопен грејач со фланша се состои од повеќе грејачи во U форма заварени или со заптивки поврзани со фланшата. Сите потопни грејачи имаат број на грејачи помножен со 3 за да може да се користат и за 3 фазна струја. Излезите се затворени во метална заштитна кутија. Овие потопни грејачи лесно се инсталираат и се 100% ефикасни.
Овие грејни тела имаат стандардни фланши кои се вклопуваат со фланшите вградени на цистерните. Ова овозможува ЕГТ потопните грејачи да можат да се користат на различни позиции во резервоари, буриња, цевки или садови со неправилна форма.

Циркулациски грејачи
ЕГТ циркулациските грејачи се дизајнирани за греење на проточни течности и гасови во систем од цевки. Кај нив се користат потопни грејачи со фланша како извор на топлина додека грејниот ефект се зголемува со помош на систем на редуктори и експанзери. Вградните циркулациски грејачи се идеални за далечинско греење на складишни садови и материјали кои протекуваат низ систем од цевки при одреден процес.
Системите се во дијапазон од (мали) 5 kW до (мамут) 400 kW и можат да имаат една или повеќе комори. Можат да се монтираат хоризонтално и вертикално, а да загреваат масла, вода, хемикалии и гасови.

Потопни грејачи за буре
ЕГТ има голема лепеза на потопни грејачи за буре вклучувајќи ги и директните потопни грејаќи специјално дизајнирани за стандардни складишни буриња.